Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ против европскиот шампион Реал Мадрид, иако имаа водство од еден гол разлика.

Дуелот на двата најдобри тимови во групата Х не разочара, откако тимот од Лондон стигна до водство во 28. минута благодарение на автоголот на Рафаел Варане, меѓутоа шпанскиот фаворит се врати откако пред истекот на полувремето, во 43. минута Кристијано Роналдо беше сигурен од белата точка по неубедливо досуден пенал.

Во оваа група е јасно дека Реал и Тотенхем се најдобрите тимови, откако Борусија Дортмунд „спасуваше глава“ на гостувањето на Кипар, одигрувајќи само 1:1 со АПОЕЛ.

Во уште еден интересен дуел, овојпат на лидерите во англиското и во италијанското првенство, Манчестер сити стигна до 2:1 победа над Наполи. Тимот на Пеп Гвардиола имаше фуриозен старт, откако прво Рахим Стерлинг во 9. минута, а потоа и Габриел Жесус во 13. минута донесоа 2:0 водство и ветување за многу напаѓачки фудбал и голови.

Наполи, кој има рекордни осум победи во низа во Серија А, имаше шанса да се врати со пенал во 38. минута, но Дрис Мертенс не успеа да реализира. Тие успеаја да го намалат водството на 2:1 во 73. минута, кога повторно имаа пенал, но сега Амаду Диавара не згреши.

Третиот премиерлигаш во акција вечерва, Ливерпул приреди вистинско гол-шоу на гостувањето во Словенија, совладувајќи го Марибор со неверојатни 7:0. Роберто Фирмино и Мохамед Салах постигнаа по два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Филип Кутињо,  новото засилување Алекс Осклејд-Чембрлен, како и младиот Трент Александер-Арнолд.

ГРУПА Е

Марибор – Ливерпул 0:7

Спартак Москва – Севиља 5:1

Табела: 1.Ливерпул 5, 2.Спартак М. 5, 3.Севиља 4, 4.Марибор 1

ГРУПА Ф

Феенорд – Шахтјор Доњецк 1:2

Манчестер сити – Наполи 2:1

Табела:  1.Манчестер с. 9. 2.Шахтјор 6, 3.Наполи 3, 4.Феенорд 0

ГРУПА Г

Монако – Бешикташ 1:2

РБ Лајпциг – Порто 3:2

Табела: 1.Бешикташ 9, 2.Лајпциг 4, 3.Порто 3, 4.Монако 1

ГРУПА Х

АПОЕЛ Никозија – Борусија Дортмунд 1:1

Реал Мадрид – Тотенхем 1:1

Табела: 1.Реал Мадрид 7, 2.Тотенхем 7, 3.Борусија Д. 1, 4.АПОЕЛ 1

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...

Вардар го доби вечното дерби, „Комитите“ го прославија јубилејот

Вардар го совлада Пелистер со 3:0 во големото дерби на македонскиот фудбал, кое овојпат беше ...