Реал преживеа против Виљареал, Барселона победи на Калдерон

Реал Мадрид и по 24.коло остана лидер во Примера, откако успеа да го преживее тешкото гостување на Ел Мадригал. Реал има бод повќе и натпревар помалку од Барселона која во дербито славеше на Винсете Калдерон против Атлетико со 2:1.

Лидерот на табелата во последните половина час успеа да се спаси од пораз кај Виљареал, кој во 50 и 56.минута со головите на Тругуерос и Бакамбу водеше 2:0.

Во последните половина час Реал направи пресврт со головите на Бејл, Роналдо од пенал и Алваро Мората.

Барселона на Винсенте Калдерон успеа да ги искорсити своите шанси и да слави над Атлетико 2:1.

Атлетико беше подобар противник во првиот дел кој заврши без голови. Во вториот дел Рафиња по една долга акција и најдобро се снајде и го совлада Облак, во 64.минута. Шест минути подоцна израмни Диего Годин, а на четири минути до крајот Меси искористи уште една мешаница пред голот на Атлетико и го постави конечнот резултат.

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close