Реал ќе патува во Жирона со автобус без клупски ознаки

Шампионот Реал Мадрид на гостувањето во Жирона во рамките на 10. коло од Примера ќе патува со автобус без симболи на клубот, објави „Ел Мундо“. На тој начин раководството на Реал одлучи да не предизвикува тензии кои веќе постојат со политичката ситуација во Шпанија.

Реал Мадрид периодично патува со автобус без симболи кога станува збор за натпревари во покраините Каталонија и Баскија.

Натпреварот меѓу Жирона и Реал е закажан за недела (29 октомври).

Жирона се наоѓа во североисточна Шпанија и е дел од автономната заедница Каталонија која бара независност од Мадрид.

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...