Регионален лидер на талибанците во Авганистан ликвидиран во напад со дрон – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Регионален лидер на талибанците во Авганистан ликвидиран во напад со дрон

Еден од лидерите на талибанското движење во авганистанската провинција Кундуз бил ликвидиран вчера во напад со дрон, изјави гувернерот на провинцијата, јави ТАСС.

Според податоци од разузнавањето дронот извршил вчера напад врз засолниште на талибанците, при што е убиен нивниот лидер во Кундуз, мула Абдул Салам и двајца негови соработници, додаде гувернерот.

Претставници на движењето не ја коментирале информацијата.

Извор: А1он

Би те интересирало и

Државните служби во САД привремено прекинуваат со работа

Американските државни институции привремено запираат со работа, откако вчера во Сенатот не беше постигнат договор ...

ОН: Светот рапидно се затоплува

Трите последни години се најтопли откако се мерат температурите на воздухот. Темпото на раст на ...