Регионална боксерска лига: Пинк Пантер – Радник (сите борби + галерија)

Во есенскиот дел од Регионлната боксерска лига минатата недела БК Пинк Пантер прв пат се бореше пред домашната публика со екипата на БК Радник од Бјелина и тоа со неколку засилувања: Алмир Нуришов, Душан Стојановиќ и Петар Петровиќ. Радник сосема заслужено победи и покажа дека ќе се бори за титулата во Регионалната бокс лига.

Светла точка во домашната екипа беше Гоце Јанески кој прикажа сигурна и атрактивна борба со голема прогресија во начинот на водење на борбата. Гоце сега има скор 6-1 (односно 7-1, една доби со службен резултат – н.з.) во РБЛ и еден од најдобрите боксери.

Пинк Пантер – Радник 2-14

-56 кг Фердијан Јашаров – Ален Рахимиќ  0-2 (ТКО,Р1)
-60 кг Алмир Нуришов – Себастијан Шаќири 0-3
-64 кг Петар Петровиќ – Сулејман Виолат 0-2 (ТКО, Р1)
-69 кг Артан Алиу – Адем Фетаховиќ 0-2 (ТКО, Р1)
-75 кг Гоце Јанески – Раденко Томиќ 3-0
-81 кг Душан Стојановиќ – Џемал Бошњак 0-3
-91 кг Марко Доциќ – Сендро Елвир 1-2
+91 кг без претставник – Дашо Симеуновиќ

Воведни борби – деца
Петар Арсовски (Аперкат) – Стојанче Ќорпашев (Пинк Пантер)
Марио Стојановски (Аперкат) – Ване Донев (Пинк Пантер)

9.коло РБЛ
Пинк Пантер-Радник Бјелина 2-14
Лазаревац/ Металац – Сесвете 8-8
Славија – Лозница 0-16
Спартак е слободен

Табела
Лозница 10
Радник 10
Сесвете 9
Спартак 6
Лазаревац/Металац 5
Пинк Пантер 4
Салвија 2

Во продолжение се наоѓаат сите борби како и галерија од натпреварот.

 

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...