Регионална конференција на „Студенти за слобода“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Регионална конференција на „Студенти за слобода“

Првата регионална конференција на „Студенти за слобода“ во Македонија денеска ќе се одржи на Техничкиот факултет во Битола. Студентите и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да слушнат предавања и дискусии кои ја промовираат индивидуалната слобода.

На конференцијата ќе се обрати извршниот директор и виш истражувач на Страјкер Пирс Брајан О’Шеа, кој во Битола ќе зборува на тема „Разоткривање на шпионажата“. За политичките аспекти на слободата ќе зборуваат деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола Горан Илиќ и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Ненад Марковиќ.

Посетителите на конференцијата ќе имаат можност да слушнат предавање и за медиумите и слободното фриленс новинарство од Бил Вирц, фриленс новинар од Брисел и Љубица А. Манговска, новинарка и програмски менаџер на Тера ТВ.

Адвокатот Јанаки Митровски и програмскиот директор на Европски студенти за слобода Александар Кокотовиќ, двајцата активисти за легализација на канабисот, ќе одржат предавање на таа тема.

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...