Регулаторите купуваат авиобилети за 40 илјади евра – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Регулаторите купуваат авиобилети за 40 илјади евра

Членови на Регулаторната комисија за енергетика ќе патуваат во странство, а за авионските билети ќе платат над 40 илјади евра – објави денеска порталот Newsroom.

На електронскииот систем за јавни набавки Регулаторната комисија за енергетика објави оглас за јавна набавка преку кој се бараат авиобилети. Проценета вредност на договорот е 2,5 милиони денари (40.650 евра) и тоа без Данокот на додадена вредност. Договорот е со траење од 24 месеци, а за избор на најповолниот понудувач критериум ќе биде најниската цена.

Регулаторната комисија за енергетика моментно брои седум члена од кои еден е претседател. Мандатот на секој член на Регулаторната комисија изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два мандата. Функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспоива со извршување на друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место.

Надлежностите на Регулаторната комисија се сепак претежно врзани за овде. Задачите им се да се грижат за сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со енергија, да ја унапредуваат конкуренцијата на пазарот, да пропишува услови за снабдување со одделни видови енергија. Освен тоа ги утврдуваат методологиите и цените на одделни видови енергија и дава и одзема лиценци. Имаат и други надлежности.

 

Извор: www.newsroom.mk

Би те интересирало и

В понеделник делови на општина Аеродром без струја

  Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат ...

Одбележан патронатот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу

Пред споменикот на народниот херој Кузман Јосифоски Питу во Тетовската касарна која го носи неговото ...