Реинтеграцијата на повратниците во Македонија проследена со низа проблеми

Останале без здравствено осигурување или без социјалната парична помош со која преживувале со години – ова се дел од проблемите со кои се соочуваат повратниците во Македонија. Луѓето кои по аплицирањето за азил, неретко ги продаваат своите куќи или станови, не секогаш успеваат да го реализираат својот сон за подобар живот.

Искуството покажува дека оние кои биле одбиени за азил, се соочуваат со низа проблеми кои им ја отежнуваат реинтеграцијата во македонското општество.

Токму за овие проблеми, но и за можните решенија денеска во Штип дискутираа претставници на државни институции и на невладини организации. На дискусијата со наслов „Лице во лице со повратниците“ тие истакнаа дека прашањето за регинтеграцијата го опфаќа социјалниот, образовниот, но и здравствениот аспект на живеењето.

Овој настан го организираше Асоцијацијата за истражување, комуникација и равзој „Паблик“ од Скопје, од каде најавуваат дека ваква дискусија наскоро ќе се одржи и во Куманово.

„Некои луѓе ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот, но се случува да бидат одбиени откако ќе аплицираат за азил. Кога ќе се вратат овде, некои работи веќе се промениле. Корисниците на социјална помош во меѓувреме веќе го губат правото на таквиот паричен надоместок, други луѓе ги продале имотите, а сепак ја изгубиле надежта за подобро утре“, појаснува во изјава за Канал 77, Маја Раванска од Асоцијацијата Паблик.

Покрај ова, на денешниот настан во Штип беа изложени и 13 постери на домашни уметници, кои преку своите дела дале лично согледување на ваквиот проблем.

Изложбата со наслов „Бегалци во сопствената земја“ претходно била поставена во Скопје и во Струга.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...