Ренџерите и пешадиската батаљонска група под лупа на НАТО

Со вчерашните активности на теренската вежба „Македонски Блесок-13“, каде се изведуваа офанзивни дејства во текот на целиот ден, се изведување на последниот настан за оценување од главната листа на настани и инциденти, заврши оценувањето на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и  ренџерската чета (рч).

Реоценувањето на спбг и оценувањето на рч, согласно НАТО концептот за оперативни способности-Ниво 2 се изврши во период од 02 до 06 октомври  на Армискиот полигон „Криволак“, од страна на сертифициран оценувачки тим составен од претставници од НАТО и национални претставници.

Како што беше истакнато при иницијалното соопштување на оценките на командантите на декларираните единици од страна на набљудувачите и директорите на оценувањето, сите предвидени активности согласно листата на инциденти се извршени на највисоко професионално ниво, а официјалното известување ќе биде доставено дополнително од страна на НАТО.

За време на вежбата, единиците на АРМ кои се оценуваа извршуваа комплексни и сложени борбени задачи согласно листата на инциденти зададени од страна на оценувачкиот тим при што беа оценети во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

Притоа беа демонстрирани процедури при обезбедување на база, кордон и пребарување, реакција на заседа, пешадиски напад на база, борбена патрола, инфилтрација и ексфилтрација со хеликоптер Ми-17, патролирање и воспоставување на контролна точка, формирање на мобилна контролна точка и други.

Декларираните единици на АРМ вклучително и спбг, во претходните оценувања добиваа највисоки оценки согласно концептот за оперативни способности на НАТО, што го потврдува високото ниво на борбената готовност за ангажирање во НАТО – предводените операции.

По завршеното оценување, единици од состав на спбг во понеделник ќе изведат тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен пешадиски баталјон во напад“ на која ќе го демонстрираат нивото на обученост за извршување на борбени задачи.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...