Репрезентативецот Адеми ќе чека до март: Судот во Лозана го одложи судењето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Репрезентативецот Адеми ќе чека до март: Судот во Лозана го одложи судењето

И покрај најавите дека денеска ќе биде соопштена одлуката на  Арбитражниот суд во Лозана за суспензијата на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по неговата жалба против УЕФА, сепак од тоа нема ништо. Од Арбитражниот суд соопштија дека одлуката ќе биде соопштена дури на 17. март.

Меѓународниот спортски суд во Лозана (ЦАС) известува дека е продолжен рокот на одлуката за случајот Адеми. Новиот рок е 17. март 2017 година – се вели во соопштението од Арбитражниот суд.

Според сите очекувања, како што и претходно информираше порталот Екипа, Адеми треба да добие укинување на претходно изречената суспензија од УЕФА. Но, сето тоа сосема неочекувано постојано се одолговлекува.

Согласно сите утврдени докази, Аријан Адеми е апсолутно невин. Тоа го покажале и анализите од лабораторијата во Келн, кои Аудот од Лозана ги побарал за ова судење. Сите анализи покажале дека лекот Мегамин, кој го користел Адеми, бил загаден со забранетата супстанца Станозол, но од страна на производителот, за што вина никако не може да сноси Адеми.

 

Би те интересирало и

Мурињо: Погба беше многу добар

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по натпреварот со Бурнемут (2:0), го пофали играчот од ...

Избран најдобриот тим во Премиер лигата

Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА) на Англија го избра најдобриот тим во Премиер лигата за сезоната ...