Референдум во Дебарца: Жителите се против изградба на депонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Референдум во Дебарца: Жителите се против изградба на депонија

Од општинската изборна комисија информираат дека заедно со локалните избори на ниво на општина Дебарца се спроведе и референдум.

Граѓаните имаа можност на референдумот да ја изразат својата волја дали се за или против изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на општина Дебрца.

Од вкупно запишаните 4.625 граѓани во избирачкиот список, на референдум излегле 3.149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани против изградба на регионална депонија се изјасниле 2.746 или 87 %, додека за изградба се изјасниле 297 или 13% од вкупно излезените граѓани.

Општинската изборна комисија Дебарца констатира дека референдумот е успешен.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...