Рецепта за најчоколадниот пудинг што некогаш ќе го приготвите

Овој пудинг ќе ги разнежни вашите непца и ќе го расположи секој кој ќе го проба. Затоа, заборавете на купувањето обичен прав од продавница и почнете со подготовка на овој домашен, брз и лесен рецепт.

Состојки:

  • 2/3 шолји шеќер
  • 1/3 шолји пченкарно брашно
  • 1/4 лажичка сол
  • 3-4 лажички какао
  • 2,5 шолји млеко со поголем процент масленост
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица екстаркт од ванила
  • 1 чоколадо со поголем процент какао

Подготовка:

Во лонче помешајте ги шеќерот, какаото, брашното и солта и додајте млеко полека налевајќи го додека мешате, дури не добиете хомогена смеса без грутчиња.

Садот ставете го на средно силен оган и константно мешајте 8 минути, односно, додека не се појават првите меурчиња на вриење. Тргнете го садот од шпоретот, намалете го огнот на најниска температура и повторно ставете го садот уште една минута и продолжете да мешате.

Кога ќе го тргнете садот од оган веднаш сипете го во друг сад каде ќе ги додадете маслото, екстрактот од ванила, парчиња чоколада и ќе мешате додека не добиете едноличен кремаст пудинг.

Пудингот претурете го во ладни влажни садови и покријте ги со фолија.

Ставете ги во фрижидер и оставете ги да се ладат барем 3 часа, препорачливо е да ги оставите навечер.

Кога ќе се изладат најдобро е да ги послужите со додадена изрендана чоколада и да уживате во најчоколадното задоволство.

Би те интересирало и

Баба од Јапонија на 89 години станала махер за фотошоп (галерија)

Повеќето луѓе мислат дека технологијата е за млади луѓе, но не и Кимико Нисимото. Таа ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...