Решена мистеријата за пронајдениот череп кај Гостивар

policija-610x400

Решена мистеријата околу човечкиот череп кој минатиот месец беше откриен во близина на регионалниот пат Гостивар-Кичево. Обвинителството покрена истрага која треба да утврди дали станува збор за убиство.

Черепот кој беше најден близу преминот Стража, му припаѓа на гостиварецот Насер Селмани, возачот на ректорот на Тетовскиот универзитет, кој исчезна пред пет години и не беше позната неговата судбина. Од Јавното обвинителство потврдија дека нашите сознанија се точни и дека во текот на денот ќе издадат соопштение со повеќе детали.

Исчезнувањето на Насер Селмани, кој тогаш имаше 31 година за неговото семејство беше мистерија и тие во неколку наврати бараа помош се до синоќа. Блиски пријатели на смејството на возачот потврдија дека најблиските биле информирани за ДНК анализите кои се совпаднале и се потврдва дека черепот му припаѓал на исчезнатиот возач. Возачот на ректорот на Дражавниот универзитет во Тетово кој од октомври 2011 се водеше како исчезнат, а полицијата тогаш истражуваше дали станува збор за киднапирање.

По потрагата на два километри од преминот Стража, на слепа шумска патека беше пронајден само служениот автомобил во кој последен пат бил виден.

Би те интересирало и

Се’ уште нема потврда од грчкото МВР за апсењето на Грујевски и Бошковски

МВР се’ уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници ...

Тешко повреден работник додека сечел дрва

Додека сечел дрва со тешки телесни повреди се здобил 30 годишен жител од гостиварско Ново ...