Риз Витерспун ќе продуцира документарец за Мартина Навратилова – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Риз Витерспун ќе продуцира документарец за Мартина Навратилова

Познатата актерка, Риз Витерспун ќе продуцира документарен филм за поранешната тениска ѕвезда, Мартина Навратилова и нејзиниот активизам за човекови права.

Имено, чешко-американската тенисерка по пензионирањето стана ревносна поборничка за правата на маргинализираните општествени групи, посебно за ЛГБТ заедницата. Во 1981 година, таа и јавно изјави дека е една од нив, објави „Дејли Меил“.

– Постигнувањата на Мартина се извонредно значајни во областа на феминизмот, женската атлетика, еднаквоста на геј лицата низ целата планета, како и за правата на мигрантите – изјави новинарот Глен Гринволд, кој и самиот е деклариран хомосексуалец и учесник во проектот.

  Правата за прераскажување на животната приказна на Навратилова ги откупи Хелоу Саншајн, продукциската куќа на Витерспун.

Би те интересирало и

Намирници кои може да ги конзумирате во вечерните часови без да имате грижа на совет

Многумина не можат да им одолеат на оброците во доцните часови, иако знаат дека во ...

„Ај Кју“ не влезе во финалето на 63. Евровизија

„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ не се пласираше во финалето на ...