Рикиардо се „залепи“ во Верстапен, Хамилтон среќно до победа во Баку – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Рикиардо се „залепи“ во Верстапен, Хамилтон среќно до победа во Баку

Луис Хамилтон е нов лидер во генералниот пласман откако среќно стигна до победа во Баку. Британецот се искачи на највисокот место на пиедесталот благодарејќи на пеховите кои го доживеаја ривалите.

По мирни две третини, финишот требаше да биде возбудлив бидејќи Ботас, Верстапен и Рикиардо беа на различни стратегии и последните кругови требаше да ги возат на далеку побрзите улта-меки гуми. И завршницата навистина беше драматична но поради сосема различни причини.

Најпрво Рикиардо се „залепи“ во својот тимски колега на крајот од стартно-целната рамнина. Возачините на Ред Бул очигледно ја прецнија ситуацијата, па Австралиецот удри во задниот дел на болидот на Верстапен и двајцата ја завршија трката. Овој инцидент предизвика излегување на безбедносното возило, кое ги нареди Ботас, Фетел, Хамилтон и Раиконен еден зад друг.

Би те интересирало и

Маверик Вињалес останува во Јамаха до 2020 година

Шпанецот, Маверик Вињалес, третопласиран во минатогодишниот Мото ГП шампионат, го продолжи својот договор со Јамаха, ...

Прилеп престојниот викенд домаќин на второто меѓународно рели со џипови „Macedonian trophy“

Во деновите на викендот 21-ви и 22 октомври Прилеп ќе биде домаќин на вториот по ...