Рисчето Деки порасна во рис кој господари со Маврово – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Рисчето Деки порасна во рис кој господари со Маврово

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соопштение до јавноста со гордост објавува дека годинава рисот Деки ќе наполни 6 години. МЕД веќе петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013-та година.

„На првата фотографија осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк ‘Маврово’. Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на GPS околувратник. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, којашто зафаќа 888 километри квадратни и двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко. На фотографиите е Деки како тинејџер (лево) и како возрасен рис (десно)“, наведуваат од Македонското еколошко друштво.

Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на Западна Македонија.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие ...

Како би изгледале светските лидери со доколку би имале кул фризури (галерија)