Роби Вилијамс повеќе нема да ја пее неговата најпозната песна – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Роби Вилијамс повеќе нема да ја пее неговата најпозната песна

Четириесет и тригодишниот пејач,  Роби Вилијамс на концертите повеќе нема да ја пее една од неговите најслушани песни „Angels“, бидејќи, како што вели тој, не е во состојба да ги контролира емоциите при изведувањето на таа песна.

Вилијамс, во интервјуто за „Дејли Стар“ посочи дека често му се случува да заплаче кога обожавателите во публиката ќе откријат со што ги поврзува неговиот најголем хит.

– Морам да останам прибран или би можел да заплачам на што било и да изгледам јадно. Некои луѓе уште пред да ја запеам „Angels“ креваат транспаренти посветени на нивните мајки или татковци кои се починати. Тогаш помислувам „О,господе, ќе се расплачам, тоа ме погоди“, објасни Вилијам.

Би те интересирало и

Лимон за блескава насмевка, мазна кожа и сјајна коса

Лимонот најчесто е синоним за витамини и добро здравје, но може да биде делотворен и ...

Едно од најубавите островчиња на светот е затворено за туристи

  Филипинскиот остров Боракај ќе биде затворен за туристи наредниве шест месеци, поради стравувањата за ...