Робот-келнерка го унапредила работењето на една пицерија во Пакистан

Сопствениците на една пицерија во Пакистан рекле дека работењето им се подобрило откако вовеле келнерка-робот. Инженерот Осама Џафри, автор на роботот тежок 25 килограми, рече дека таа машина може да ги поздрави гостите и да ги однесе пиците до нивните маси.

Роботот изгледа како ниска, витка жена која носи долг фустан и престилка, како и шал околу вратот за да не ги навреди конзервативните гости. Џафри рече дека продажбата во ресторанот „Pizza.com“ во пакистанскиот град Мултан е удвоена од кога во февруари беше воведен роботот.

Сопственикот на ресторанот и татко на Џафри, Азис, рече дека има уште три келнерки кои се роботи и дека планира да отвори нов деловен објект.

„Некогаш продавав пици, но сега сопствениците на ресторани сакаат да купат роботи од мене“, вели сопственикот на пицеријата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Што е coffee nap, новиот необичен ритуал за поголема енергија во денот?

Брзиот начин на живот нé тера постојано да бараме трикови кои ќе нé држат будни ...

Мис Адриатик 2017 е Македонката Ива Михајловска

Во туристичкото место Рогозница во Хрватска се одржа традиционалниот избор Мис Адриатик 2017 година. Меѓу ...

Close