Рокот за пријавување спорни гласачи во ДИК истекува на 19 август – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Рокот за пријавување спорни гласачи во ДИК истекува на 19 август

државна изборна комисија

Уште три дена истекува рокот за пријавување во Државната изборна комисија на гласачите со спорни записи во Избирачкиот список. Имињата на спорните гласачи беа објавени на 26­ти јули и тие имаа рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи, а пријавувањето се врши електронски преку специјална апликација на веб страницата на ДИК или лично во подрачните единици на ДИК и во кацелариите на Управата за водење матични книги.

Објавени беа имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список, а заклучно со вчера се пријавиле вкупно 5.022 граѓани. Од нив, како што соопштија од ДИК, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата.

Според податоците на ДИК, најмногу пријавени граѓани има во Чаир ­ 907, во Сарај ­ 571, во Тетово ­ 501 и во Куманово ­ 453. Намалку пријавени има во Пласница, Василево и Градско ­ по 2, а до ДИК не се пријавил ниту еден граѓанин од повеќе општини, меѓу кои и Неготино, Пехчево, Зелениково, Кривогаштани, Демир Капија.

Пријавувањето се врши секој ден во периодот од 8:30 до 19 часот. По истек на овој рок, ДИК има на располагање 10 дена за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Ако не се пријават во предвидениот рок спорните гласачи нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...