Роналдо ставил „вето“ на доаѓањето на Ибрахимовиќ?

Златан Ибрахимовиќ доби уште една сезона со тимот на Манчестер јунајтед откако во текот на летото Реал Мадрид беше заинтересиран за шведскиот ветеран. Според шпанскиот „Диарио гол“, главниот виновник зошто популарниот Ибра не пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ е ветото кое го ставил Кристијано Роналдо.

Според шпанските медиуми, ова не е првпат португалската суперѕвезда да блокира трансфер на играчи, и тоа неодамна се случило со Единсон Кавани, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски и Артуро Видал, што навистина претставува импресивна листа на играчи.

Дека Роналдо е првиот адут на тимот предводен од Зинедин Зидан е јасно, но тешко е да се верува дека моќта на Португалецот е толку голема што тој одлучува за засилувањата кои ќе дојдат во „кралскиот клуб“.

Извор: МакФакс

 

Би те интересирало и

Нашиот Дејан Недев е светски шампион

Македонија може да се пофали со ново злато во карате, благодарение на успехот на Дејан ...

Маестро Пирло ја заврши кариерата

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните ...