Роси падна на тренинг и заврши во болница

Повеќекратниот светски првак во мото трки Италијанецот Валентино Роси(38) падна на тренингот во Римини, по што бил превезен во локалната болница.

Според првичните информации, станува збор за полесни повреди на градниот кош и стомакот.

„Роси мина без фрактури и тешки последици. Префрлен е во болница каде што лекарите утврдија полесни повреди“, соопштија од Јамаха.

Не е познато дали лекарите ќе дозволат настап на Роси на ГН на Италија, која е на распоредот на 4 јуни.

Италијанскиот првак падна и минатиот викенд во последниот круг од Големата награда на Франција во Ле Манс, при што мина без повреди.

Роси со девет освоени титули е еден од најуспешните возачи на мото трки на сите времиња.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Македонија и БиХ ќе потпишат договор за признавање на возачките дозволи

Во Владата на Република Македонија денеска ќе се потпише договорот меѓу владите на Република Македонија ...

Камион паднал во бездна кај Трница, возачот со полесни повреди

Едно лице поминало со телесни повреди откако, камион излетал од коловозот на магистралниот патен правец ...

Close