На 08.04.2018 година во 22,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во паркот за кучиња во населбата Карпош, 13 годишно девојче, кое било со нејзиниот татко Д.Д.(43), било каснато од куче–Ротвајлер, водено од женско лице.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзиниот татко кој се обидувал да го оттргне кучето се здобил со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“.