Рочиштето за „Тврдина 2“ презакажано за 26 септември – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Рочиштето за „Тврдина 2“ презакажано за 26 септември

Фото: НоваТв

Денешното судско рочиште за случајот на СЈО,  „Тврдина 2“  е одложено за 26 септември.

Адвокатите од одбраната, како што навеле пред судијата што го води предметот, имале други ангажмани и затоа побараа одложување на денешното рочиште на кое требаше да бидат сослушувани сведоци.

Во „Тврдина 2“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и уште шестмина вработени во УБК. СЈО ги сомничи за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување. Првообвинетиот, Грујовски сега го застапува адвокатот Љупчо Шврговски кој побара одложување за да се запознае со предметот.

На претходно рочиште одржано на 23 мај, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат. Судијката Лидија Петровска, пак, ги прифати доказите кои ги достави Специјалното јавно обвинителство со кои го поткрепува обвинението за обвинетите во овој случај.

Би те интересирало и

Маж тешко повреден во сообраќајка на локалниот пат село Грешница – Кичево

Четириесет и четиригодишен маж од селото Грешница се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна ...

Приведен крадецот кој ограби аптека во Маџари

Пронајден и приведен е разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец ...