Рочиште за „Тврдина 2“, јавноста исклучена од судењето

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, во кој според обвинението од СЈО, во 2015, непосредно по објавување на опозициските „бомби“, биле уништени системи за следење на комуникации.

Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на Управата за безбедност и
контраразузнавање, Горан Грујовски и шест вработени во Управата. На Грујовски, кој е во
бегство, ќе му се суди во отсуство. На претходното рочиште беше кажано дека во овој случај сведок е и колегата на Грујовски од УБК, Никола Бошковски, кој, исто така, е во бегство.

Горан Грујовски и Никола Бошковски се во бегство и по нив е распишана и меѓународна
потерница. Тие не се достапни од 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно
пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.

На почетокот на денешното рочиште судијката на барање на одбраната и обвинителите ја
исклучи јавноста од расправата поради изведување доверливи информации.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...