Русија забрани увоз на круши од Србија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Русија забрани увоз на круши од Србија

Руската служба за фитосанитарен надзор „Росељхознадзор“ од денеска забрани увоз на српски круши. Забраната подразбира и увоз преку трети земји, се наведува на сајтот на „Росељхознадзор“ – пренесува Македонската информативна агенција.

Службата тврди дека на српската Национална организација за карантин и заштита на растенија повеќе пати и било пријавувано дека има загриженост поради проблеми со квалитетот на ова овошје од Србија.

Русија претходно имаше проблем и со јаболките од Србија. Во Орловската област во централна Русија, беа пронајдени 13 тони јаболка од Србија заразени со опасен штетник, соопшти фитосанитарната инспекција на Русија.

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...