Русија има уште една жена кандидат за претседател

Триесет и седумгодишната новинарка, Екатерина Гордон е втора жена која ќе се кандидира за претседател на Русија, а денеска изјави и дека сака изборите да ги искористи како кампања за правата на самохраните мајки и деца.

Гордон, која работи како телевизиска и радио водителка, рече дека во претседателската трка влегува како независен кандидат. Таа информира дека никогаш не гласала, но оти е разочарана и од либералната опозиција и од прокремаљските политичари.

Претседателските избори во Русија ќе се одржат во март следната година, а се очекува да се кандидира и актуелниот претседател Владимир Путин, кој најверојатно и ќе победи. Тој засега не ги објави своите планови.

Освен Гордон, за претседател на Русија се пријави уште една жена, а тоа е телевизиското лице Ксенија Собчак, која истакна дека сака да ги обедини незадоволните гласачи, но и дека нема да го напаѓа актуелниот претседател, Владимир Путин.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...