Русија од денеска го забранува увозот од БиХ

image2

Руската ветеринарна и фитосанитарна регулаторна компанија „Роселкхознадзор“ од денеска воведува привремена забрана за увоз на производи од Босна и Херцеговина. Причината за ова лежи во недостатокот од потврди за безбедноста на производите.

-Ограничувањето се воведува заради недостаток од информации за фитосанитарниот статус на Босна и Херцеговина, како и заради одбивањето на Министерството за надворешна трговија на БиХ да ја прифати инспекцијата на „Росселкхознадзор“ која требаше да ја спроведе фитосанитарната контрола на системот – се наведува во соопштението.

Забраната посебно се однесува на увозот на производи преку трети земји, пренесува ТАСС.

Извозот од Босна и Херцеговина во Русија во 2015 година значително е зголемен, особено кога станува збор за овошјето и зеленчукот. Во првите шест месеци од 2014 година од БиХ во Русија беа извезени овошје и зеленчук во вредност од 27.000 евра. Во истиот период од 2015 година во Руѕсија беа извезени само јаболки и крушки во вредност од повеќе од пет милиони евра.

Договорот за трговија меѓу БиХ и Русија е во функција веќе 11 години.

Би те интересирало и

Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија

Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. ...

Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето ...