Руските научници најавуваат нов лек за ракот

laboratorija

Руски препарат за третман и лекување на онколошките заболувања, кој покажал „фантастични резултати“, ќе биде достапен за пациентите за година и половина, најавено е во средата

Министерката за здравство, Вероника Скворцова, во интервју за телевизијата Россия 24, рече дека лекот кој во моментов го носи „работниот“ назив PD-1, поминал во втората фаза на од клиничките испитувања. Додаде дека се надева оти за година и половина тој ќе биде достапен за пациентите.

Лекарите тврдат дека препаратот веќе покажал фантастични резултати во справувањето со неколку видови малигни тумори и нивните метастази.

Скворцова рече и дека резултатите од работата на руските научници се следи ширум светот, бидејќи Русија е една од малкуте земји во кои се прави ткн „таргентно“, односно насочено лекарство за ракот.

Во прилогот се додава дека секој трет маж и секоја четврта жена на планетата се жртви на некој вид рак. Во Русија од малигни тумори страдаат околу три милиони луѓе, а годишно онколошко заболување се дијагностицира кај половина милион.

Извор: Макфакс



Додади коментар

Би те интересирало и

facebook-tablet

Нов и опасен вирус се шири низ социјалната мрежа Facebook

На социјалната мрежа Фејсбук се шири нов вирус кој ги вознемири корисниците. Во нивно име ...

o-TWITTER-facebook

Најдоброто од Твитер во последните 24 часа

Сите шо имате дозвола за оружје, знаете да јавате коњ и да фрлате ласо. Еве ...

Close