Руските сили истрелаа четири крстосувачки проектили врз цели на ИД во Палмира

Четири ракети „калибар” биле истрелани од фрегатата „Адмирал Есен” и подморницата „Краснодар” на рускиот ВМФ, кои се наоѓаат во источниот дел на Средоземното Море, и погодиле цели на терористичката група „Исламска држава” во реонот на Палмира, соопштуваат од Министерството за одбрана на Русија.

Целите биле засолништа на терористите во Источна Палмира, во кои имало тешка опрема и голем број припадници на ИД, кои биле префрлени од Рака. Сите цели се погодени, прецизираат од военото министерство. Командите на САД, Турција и Израел биле навремено информирани за истрелувањето на ракетите.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...