Руските хокеари си ја пееја забранетата химна по освојувањето на златниот медал – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Руските хокеари си ја пееја забранетата химна по освојувањето на златниот медал

Русија со 4-3 ја победи Германија во финалето на хокеј турнирот на Олимписките игри, церемонијата на доделување на медалите беше невообичаена поради забраната да биде пуштена руската химна.

Поради допинг скандалот Русија на олимписките игри во Пјонгчанг се натпреварува под името Олимписки атлети од Русија (ОАР), наместо своето го користи знамето на олимписките игри, а има забрана да се интонира и нивната химна кога ќе освојат златен медал, па наместо руската се пушта олимписка химна.
Чудно беше на пиедесталот по завршувањето на хокеј турнирот. Додека во позадина одеше олимписката химна, руските хокеари си ја пееја својата химна, како и нивните навивачи кои беа во салата.

Извор: МКД

Би те интересирало и

Успешно заврши државниот спортски натпревар Гимназијада во Тетово

Успешно заврши државниот спортски натпревар Гимназијада, која се одржа во Тетово викендов. Тетовските екипи се ...

Хамилтон го обвини Фетел за мамење

Четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон го обвини Себастијан Фетел од Ферари за мамење во Баку. ...