САД: Двајца загинати во налет на торнадо

Во налетот на неколку торнада, во повеќе сојузни американски држави загинале најмалку две лица, а десетици се повредени, соопштија американските власти.

Торнадо уништил поголем број на камп приколки во Висконсин, а голема материјална штета била предизвикана во државата Оклахома. Од невремето биле погодени и сојузните држави Канзас и Небраска.

Најпогоден од налетите на торнадото е градот Елк Сити во Оклахома, каде загинал еден 53-годишен маж.

Во овој град биле уништени 40 куќи, додека околу 70 биле оштетени. Илјадници луѓе во Небраска останале без напојување со електрична енергија.

Во Висконсин, на околу 178 километри од Минеаполис, загинал еден 46-годишен маж, објави агенцијата АП.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close