САД: Кинески „Сухои“ непрофесионално пресретнале американски авиони

Кинески борбени авиони извршиле непрофесионално пресретнување на набљудувачки авион на американските сили за испитување на радијација над Источното кинеско море, соопштија воздухопловните сили на САД.

До инцидентот дошло пред два дена кога кинеските авиони СУ-30 се приближиле до авионите ВЦ-135 „Констант феникс“, кои изведувале рутинска мисија во меѓународниот воздушен простор во согласност со меѓународното право, соопшти портпаролката на Пацифичките воздухопловни сили, Лори Хоџ.

Според неа, таквото пресретнување е непрофесионално и нагласи дека САД ќе разговараат со Кина по пат на „одговорни дипломатски и воени канали“.

Кина ја прогласи идентификационата зона на воздушна одбрана над големиот дел од Источното кинеско море во 2013 година, а тој чекор САД го нарекоа нелигитимен и одбија да ја признаат таа зона.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close