САД одобрија продажба на оружје на Тајван за 1,3 милијарди долари

Според извор од администрацијата на Трамп, „нема да има промени во долгорочната американска политика за една Кина“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на оружје на Тајван вредна 1.3 милијарди долари.

Според извор од администрацијата на Трамп, „нема да има промени во долгорочната американска политика за една Кина“, што според Пекинг, е предуслов за зачувување на односите.

Објавата за продажба на оружје е во сензитивен момент за САД и Кина додека Трамп настојува да воспостави партнерство околу трговски несогласувања и напори да се сузбие нуклеарната програма на Северна Кореја.

Извор: МИА

Би те интересирало и

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за ...

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност ...