САД очекуваат фер и демократски локални избори во Косово

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави изјави дека очекува локланите избори во Косово, што ќе се одржат в недела, да минат во фер и демократска атмосфера.

„Знам дека Централната изборна комисија со помош на ОБСЕ на денот на изборите ќе работат многу за да обезбедат спроведување на сите закони и прописи“, изјави Делави за радиотелевизија КИМ.

Тој нагласи дека е вознемирен поради притисоците во северниот дел на земјата и додаде дека би сакал да види многу поголема конкуренција меѓу кандидатите од малцинските етнички заедници во Косово.

Делави се задржа и на прашањето околу формирањето на Заедницата на српски општини, за која рече дека произлегува од „пакетот на Ахтисари“ и оти силно го подржува нејзиното создавање, како и трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во косовска армија.

„Светот се менува и Косово треба да се менува со него. Косово треба да превземе значајни чекори во правец на владеење на правото, економскиот развој и регионалната безбедност“, порача американскиот анбасадор.

Би те интересирало и

На први јануари почнува пописот на сите Албанци во светот

Од први јануари идната година амбасадите на Република Албанија во светот ќе започнат со реализацијата ...

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...