САД предупредија во ОН на опасност од сириско сценарио во Венецуела

САД ги предупредија ОН дека постои опасност политичката криза во Венецуела да прерасне во конфликт, сличен на оној во Сирија или во Јужен Судан.

САД ги предупредија ОН дека постои опасност политичката криза во Венецуела да прерасне во конфликт, сличен на оној во Сирија или во Јужен Судан.

Имено, 48 лица загинаа во текот на последните недели при судирите меѓу безбедносните сили и опонентите на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој е подложен на остри критики поради неспособноста да се справи со политичката и економската криза во Венецуела.

– Работите не се подобруваат, туку се влошуваат. Се обидуваме да кажеме дека е неопходно меѓународната заедница да повика: „Почитувајте ги човековите права на вашето население“, во спротивно случувањата ќе се придвижат во насока, каква што видовме на многу други места, изјави абасадорката на САД во ОН Ники Хејли, на затворената седница на Советот за безбедност.

– Видовме што се случи во Сирија, Северна Кореја, Јужен Сидан, Бурунди или Бурма. Зошто да не преземеме превентивни дејствија? Зошто не се обидеме да го решиме проблемот пред да започне?, нагласи Хејли.

– Венецуела е на работ на хуманитарна криза, истакна Хејли, повикувајќи ја меѓународната заедница да преземе мерки со цел „да го натера Мадуро да го прекине насилството и угнетувањето и да ја врати демократијата“.

Венецуелскиот претставник во ОН Рафаел Рамирес ја критикуваше позицијата на САД и ги обвини дека се мешаат во внатрешните работи на неговата земја.

– Венецуела ќе ги реши сама внатрешните проблеми. Нема да прифатиме мешање, нагласи Рамирес.

Извор: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...