САД: Рамазански апел до муслиманите

Актите на насилство, како оние најновите, терористичкиот напад врз поп-концерт во Манчестер и атентатот врз автобус полн со припадници на христијанското малцинство, Копти, извршен вчера во Египет кој резултираше со 26 жртви, се во директна спротивност со духот на Рамазан, истакнува американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението кое го објави Белата куќа по повод муслиманскиот празник. Ваквите злодела, се вели натаму во пораката, „само ја зацврстуваат нашата решителност да извојуваме победа против терористите и нивната перверзна идеологија“.

Трамп уште при својата посета на Саудиска Арабија минатиот викенд апелираше до муслиманскиот свет на заедничка борба со Западот против исламистичкиот тероризам.

За време на Рамазан, муслиманските верници не смеат да јадат и да пијат до залезот на сонцето. Исклучок се болните, патниците, децата и бремените жени или тие кои имаат месечен циклус. Почетокот на празничниот месец варира во различни муслимански земји.

Во меѓувреме, британската полиција по терористичкиот напад во Манчестер уапси уште две сомнителни лица, а ноќеска повторно се вршени претреси на станови. Досега вкупно беа приведени 13 осомничени, од кои две лица се повторно пуштени на слобода. 22-годишниот Салман Абеди, атентаторот со либиско потекло, во понеделникот вечерта се разнесе на концертот на американската пејачка Аријана Гранде и уби 22 луѓе, меѓу кои и повеќе деца. Полицијата претпоставува дека зад нападот се крие цела терористичка мрежа.

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...