САД симнале знамиња од руските дипломатски преставништва

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало на разговор вршителот на работите во амбасадата на САД во Москва, за да протестираат против отстранување на руските знамиња од дипломатските објекти, кои Русија мораше да ги напушти во САД, објавија РИА Новости.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска му порача на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, дека се неприфатливи акциите на американските власти, кои наложија да се симнат руските знамиња од зградата на Генералниот конзулат на Русија во Сан Франциско и од трговското претставништво во Вашингтон.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...