Саем за вработување во Кавадарци

Во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци денеска ќе се одржи Саем за вработување, на кој кавадаречките работодавачи ќе ги претстават нивните потреби за работен кадар, а невработените ќе имаат можност директно да се информираат за условите за вработување.

Во рамки на саемот ќе се одржи форум за работодавачи и инфо средба за млади. Саемот ќе го отворат директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување – Кавадарци, Благојчо Борисов.

Саемот е дел од саемскиот караван на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со кој се опфатени и Скопје, Штип, Битола, Тетово и Струмица.

Би те интересирало и

Министрите и нивните заменци ќе треба да подготват извештаи за трошењето на службените пари

Министрите, замениците министри и државните секретари ќе треба да подготват извештаи за тоа колку и ...

Дополнетиот Предлог-буџет испратен до Собранието, повеќе пари за гасификација и за лекови

Повеќе пари за гасификација и животна средина – ова го предвидуваат измените и дополнувањата  на ...