Самит за враќање на фокусот на ЕУ на Западен Балкан

Шест земји од Западен Балкан и седум членки на Европската унија на денешниот годишен самит во Трст ќе расправаат за зајакнување на врските на Унијата со регионот.

На самитот ќе му претходи средба на францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Паоло Џентилони. Потоа европските претставници ќе се сретнат со лидерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Европската унија планира на регионот да му додели грантови во вредност од 1,3 милијарди евра до 2020 година за проекти во енергетика, траспорт и животна средина.

Преземено од: Фокус

Би те интересирало и

Вучиќ: Можни се предвремени парламенатарни избори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска пред новинарите изјави дека е можно одржување на вонредни парламентарни ...

Јилдирим: Турција нема да дозволи создавање на „вештачка“ курдска држава

Турскиот премиер, Билани Јилдирим изјави денеска дека кризата на северот на Ирак претставува прашање од ...