Самит на Г-7 во Таормина

Челниците на групата седум најбогати земји Г7 денеска на Сицилија го почнуваат дводневниот самит.

Г7 е неформален форум за глобалните прашања на кој учествуваат челниците на САД, Канада, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија.
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да биде под притисок да ги ублажи ставовите за глобалниот климатски договор и слободната трговија.
„Ќе расправаме за темите кои се во интерес на целото човештво. Разговорите нема да бидат едноставни“, рече италијанскиот премиер Паоло Џентилони.
Аналитичарите оценуваат дека самиот во Таормина ќе биде првата можност меѓународната заедница да го натера Трамп да ги изнесе своите вистински намери во врска со трговскиот претекционизам и климатскиот договор.
Се очекува Ангела Меркел, заговорничка на слободната трговија, и новиот француски претседател Емануел Макрон, заговорник на парискиот договор за климатските промени, да го убедат Трамп да ги смени своите позиции.
На самитот на Г7 ќе се разговара и за глобалниот тероризам, војната во Сирија, Северна Кореја и глобалната економија.
Древната Таормина, споменик на историското наследство и елитно одморалиште со 11 илјади жители, е претворена во затворена зона спроти доаѓањето на челниците на седумте најбогати земји. За безбедноста се грижат седум илјади полицајци, карабињери и војници, а од 10 мај се зајакнати контролите на сите копнени и морски граници на Италија. За превенција на можен терористички напад со хемиско и биолошко оружје се ангажирани 170 доктори и медицински сестри, седум хелихоптери и десетици возила за брз апомош.
Самитот на Г7 го следат 4 илјади акредитирани новинари, а вкупно се издадени околу 30 илјади акредитации. Не се дозволени антиглобалистички протести во Таормина: тие можат да демонстрираат во соседното гратче Џардини Наксос. На утрешните антиглобалистички демонстрации се очекуваат од 3 до 4 илјади луѓе.

Додади коментар

Би те интересирало и

Силен земјотрес го погоди островот Ероманго

Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди островот Ероманго во државата Вануату во ...

Макрон повика на формирање контакт група за Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на формирање на ...

Close