Сами направете освежувачки напиток од кој се слабее

Напитокот не мора да е есктремно ладен за да ве освежи, ниту пак посебно комплициран за да ви помогне да симнете некој килограм. Таков е овој во прилог – се прави едноставно, се конзумиран доволно ладен, а има моќ на забрзување на метаболизмот, а со тоа помага и во отстранување на вишокот.

Рецептот има само три состојки. Тоа се зелен чај, портокал и мента. Постапката за приготвување е навистина едноставна. Во бокал ставете 8 шољи зелен чај во комбинација со 2 резанки од портокал и една полна рака лист од мента. Овој микс треба да стои во ладилникот во текот на ноќта, а веќе утрото е подготвен за конзумирање.

Зелениот чај го забрзува метаболизмот за цели 12 %, портокалот помага во согорување на маснотиите. Додека ментата најмногу е присутна заради вкусот, така што би можела да се замени со лимон или мандарина на пример.

Би те интересирало и

Зошто циметот е одличен зимски пријател на организмот

Не само што убаво мириса и има специфичен вкус, циметот може да биде одличен пријател ...

Домашна маска за подмладување по рецепт на Софија Лорен

Рецептот за оваа маска за подмладување доаѓа од безвременската убавица Софија Лорен. Добро е тоа ...