Самка Ибраимовски пред гостиварци ја презентираше дел од владината програма за подобрување на животниот стандард на ромското население – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Самка Ибраимовски пред гостиварци ја презентираше дел од владината програма за подобрување на животниот стандард на ромското население

 

Акциони планови за подобрување на состојбата на ромите во образованието, културата и вработување, се дел од владината програма за подобрување на состојбата на животот на ромското население, кои во Гостивар ги презентираше министерот без ресор Самка Ибраимовски задолжен за имплементацијата за подобрување на состојбата на ромите во Македонија.

Ибраимовски рече дека преку Агенцијата за вработување, ќе се спроведуваат проекти за самовработување наменети за загрозени семејства, претежно од ромската популација.

Тој истакна дека ќе се зголеми социјалната парична помош, која за четиричлено семејство без приходи ќе треба да изнесува 12 000 денари. Покачувањето ќе се одвива во две фази а ќе започне од 2018 година.

Тој истакна дека во наредниот период ќе ги посети и градовите Кочани и Прилеп каде пред ромското населени ќе ги презентира програмите на владата во насока на подобрување на животот на ромите.

Би те интересирало и

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од ...