Самоубиствен бомбашки напад во Ирак – 20 убиени

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 34 се повредени во самоубиствен бомбашки напад на пазар во ирачкиот град Мусаџиб, кој се наоѓа јужно од Багдад.

Според информациите, бомбашот самоубиец се разнел на пазар активирајќи го појасот со експлозив. Градот Мусаџиб се наоѓа 60 километри јужно од ирачката престолнина. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

За поголем дел од бомбашките напади кои беа изведени во последно време, одговорност преземаше Исламска држава.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close