Само шест минути читање книга значајно го намалуваат стресот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Само шест минути читање книга значајно го намалуваат стресот

Психолошкото објаснување е дека со тоа што мозокот е сконцентриран на содржината, телото и мускулите се опуштаат и се намалува стресниот грч.

 

Еден од најбрзите и најефикасни начини за намалување на стресот е читањето книги. Само шест минути читање се доволни да го намалат нивото на стрес за две третини.

Со ова, книгите се покажале како доста поефикасни во опуштањето во споредба со слушањето музика, гледањето филмови, пиењето кафе или чај или прошетките.

Психолошкото објаснување е дека со тоа што мозокот е сконцентриран на содржината, телото и мускулите се опуштаат и се намалува стресниот грч.

Веднаш по читањето, кое го намалува стресот за речиси 70%, се наоѓа музиката (намалува стрес за 61%), потоа пиењето кафе и чај намалуваат за 54%, а прошетките имаат ефикасност од околу 42%.

Според психолозите, секое задлабочување во содржината помага стресот да исчезне целосно по еден до два часа. Не е битно каква е содржината, сè додека истата е интересна за читателот.

Превземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Само еден миг е потребен за да ја изгубиш самодовербата

За жал, чувствувам дека сме отидени до таму што довербата ништо не ни значи и ...

Се’ за храна: Смути со јагоди и банана

Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на ...