Само 27 отсто од компаниите во Македонија се сопственост на жени – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Само 27 отсто од компаниите во Македонија се сопственост на жени

Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се сопственост на мажи, а во 67 проценти генерални менаџери. Жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички – покажува истражувањето во рамките проектот „Еднаква моќ за жените“.

Проектот го реализираат Институтот за комуникациски студии – Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија, од каде велат дека ќе се продолжи со реализација на овој проект со цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија и пренесување позитивни искуства од Словенија и од други земји во Република Македонија.

Во рамки на овој проект утре во Скопје ќе се одржи „Првата меѓународна конференција за родова еднаквост“.

Проектот е кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и има голема поддршка од словенечката амбасада во Скопје.

Проектот „Еднаква моќ за жените“ започна да се реализира во годината кога се одбележува 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Словенија и Македонија и ќе трае наредните две ипол години.

Би те интересирало и

Заев од Владата за Југохром за рестартирање на печките

Од ноември ќе се рестартираат печките во фабриката Југохром, која за ова ќе добие финансиска ...

Агрономите најавуваат добар род од пролетната сеидба

Годинешнава пролетна сеидба ќе биде една од најуспешните прогнозираат познавачите на приликите. И покрај ваквите ...