Сандеј тајмс: Меј дава знак дека подготвува промени во Владата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Сандеј тајмс: Меј дава знак дека подготвува промени во Владата

Британската премиерка, Тереза Меј во интервју нагласи дека може да го отстрани од функција министерот за надворешни работи Борис Џонсон.

Сандеј тајмс објави денеска дека на прашање кон Меј какви и се плановите во врска со Џонсон таа одговори: „Никогаш не ми било стил да се кријам пред предизвиците и нема да почнам да го правам тоа сега“.

Весникот коментира дека тоа е сигнал оти таа се подготвува да одбере нови министри во Кабинетот.

„Јас сум премиер и дел од работата ми е да бидам сигурна дека ги имам најдобрите луѓе во мојот Кабинет“, наведува таа во интервјуто.

Кабинетот на Меј засега не коментираше.

Борис Џонсон вчера напиша дека сите од Конзервативната партија треба да застанат „во одбрана“ на премиерката Меј.

Би те интересирало и

Силвестер Сталоне со видео мораше да докаже на фановите дека е жив

Актерот Силвестер Сталоне требаше да им докаже на фановите дека тој се уште е жив ...

Бунт во бразилски затвор, чувари неколку часа држени во заложништво

Во затворот Милтон Диас Мореира во Рио де Жанеиро затвореници организираа бунт и земаа седум ...