Свадби ќе има и без градоначалници и без општински совети

Mатичните служби ќе склучуваат бракови и по 15 мај кога истекува мандатот на советниците и покрај вчерашното предупредување од скопскиот градоначалник дека нема да може да се склучуваат бракови во државава оти официјални сведоци се општински советници кои по истекот на мандатот немаат овластување да ги извршуваат обврските.

Од скопското Матично велат дека нема и не може да има прекин во склучувањето на браковите оти тоа е право кое го гарантира Уставот на Република Македонија, а улогата на советниците и минорна, пренесува СДК.

Советниците имаат споредна улога во склучувањето на браковите. Тие само го читаат законот, никаде не се потпишуваат. Потпис става матичарот, кој не е дел од локалната самоуправа туку е вработен од Министерството за правда“, велат од Матично.

Тие најавија дека до крајот на неделава ќе изградат и официјален став за тоа дали советниците по истекот на мандатот ќе продолжат да го читаат законот за време на склучувањето на браковите или ќе се најде некое друго решение.

Матичната служба и денес закажуваше граѓански венчавки за периодот по 15 мај.
„Ние веќе имаме еден куп закажани венчавки и не можеме сега да им се јавуваме да ги презакажуваме или да ги откажуваме. Токму пради тоа сите што ќе се јават да закажат венчавка, ќе си добијат датум“, велат од Матичното.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски вчера како претседател на Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС) заедно со потпретседателите Невзат Бејта и Зоран Дамјановски, градоначалници на Гостивар и на Куманово, предупреди дека по 15 мај е можен колапс на локалната самоуправа.

 

Преземено од: СДК.мк

Би те интересирало и

ВМРО- ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Грција со нашето име

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не ...

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид

Поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид заработи кривична пријава поради големата финансиска штета врз ...