Светска банка прогнозира поголем пораст во 2017-та

36358428_303

Порастот на светската економија повторно ќе земе залет, стои во прогнозата на Светската банка за 2017-та година. Економските експерти прогнозираат пораст на светското економско постигнување од 2,7 проценти во тековнава година (во 2016 година тој изнесуваше 2,4 проценти) – пренесува Дојче Веле.

Во извештајот на Светска банка се вели дека порастот во индустриските земји ќе се зголеми на 1,8 проценти, додека земјите во забрзан подем, благодарение на растечките цени на суровини, ќе имаат пораст од 4,2 проценти. Минатата година овие држави забележаа пораст од 3,4 проценти.

Несигурност и натаму владее околу идниот пат на САД како најголема економија во светот. Најавите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за инвестиции и стимулација на економијата со инфраструктурни проекти би можеле да доведат до побрз пораст во САД и со тоа и во светот. Од друга страна, голема пречка е тенденцијата на Трамп за протекционизам.

15828641_401

Втор фактор на несигурност за светската економија, како што оценуваат експертите во Вашингтон, е гласањето на Британците за излез од ЕУ.

 

Извор: www.dw.com

Додади коментар

Би те интересирало и

Извршители влегле во Фени, му се заканува ли стечај на кавадаречкиот комбинат за никел

Извршителите тропнале на вратите на кавадаречкиот комбинат за никел Фени Индустри, a како што дознаваме, ...

Институциите спроведуваат 70 отсто од препораките на ревизорите

Околу 70 проценти од препораките кои Заводот за ревизија им ги дал на државните институции ...

Close