Светска премиера на „Бикини Мун“ на Манчевски на фестивалот во Сао Пауло – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Светска премиера на „Бикини Мун“ на Манчевски на фестивалот во Сао Пауло

Светската премиера на новиот филм на Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, ќе биде на најголемиот филмски фестивал во Латинска Америка, фестивалот во Сао Пауло, Бразил.

„Бикини Мун“ е петтиот игран филм на Милчо Манчевски и ќе биде прикажан во програмата за специјални презентации.

Филмот е снимен во Њујорк и е копродукција меѓу САД, Германија и Канада. Ова е првиот филм на Манчевски во кој не учествува Македонија.

Новиот филм на Манчевски е за Бикини, харизматична, темпераментна и неспокојна поранешна жена маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старателството врз малата ќерка.

Во главната улога настапува Кондола Рашад, а во останатите улоги настапуваат Сара Голдберг, Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран.

Би те интересирало и

Почнува Велигденскиот пост – еве како се празнува

 Време на соединување со Бога Имиња на постот Тоа е пост со повеќе имиња – ...

Прилеп го оправда епитетот карневалски град-над 1.000 домашни и странски учесници на дефилето (галерија)

Со забава под маски и доделување на парични награди и дипломи на најуспешните учесници по ...