Светска премиера на циклусот за пијано „После дождот“ од Дарија Андовска

Во рамките на интернационалниот фестивал „Rе: Novae Musicae“ при Софиската филхармонија во Бугарија, в сабота, 28 октомври ќе се одржи концертот со назив „Жени во црно и бело- музика за пијано од композиторки кои треба да ги знаете“, на кој својата светска премиера ќе ја има циклусот за пијано „После дождот“ од Дарија Андовска.

На првата интерна изведба, овој циклус беше отсвирен беспрекорно од пијанистката Ана Гацева.

Дарија Андовска е трипати последователно номинирана и двапати добитник на наградата „Виртуоз“ за најдобар композитор во Македонија, прогласена за „Истакнат уметник на град Цирих“, избрана меѓу шесте најдобри млади композитори во Европа за проектот „MusMA- Music Masters on Air“, а нејзините дела се изведувани и наградувани во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Шпанија, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Грција, Чешка, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД, Кина.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Македонската филхармонија со концерт ќе го прослави 73. роденден

Македонската филхармонија со концерт ќе го прослави 73. роденден. Концертот ќе се одржи на 24 ...

Децата ги преземаат училиштата за Светскиот ден на детето

Република Македонија се приклучува кон иницијативата преку поттикнување на училиштата да организираат активности наречени #ДецатаГиПреземаатУчилиштата, ...